Нетанјаху: Немаме избор освен да го уништиме Хамас
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека се надева дека ќе бидат надминати несогласувањата со американскиот претседател Џозеф Бајден кога е во прашање војната во Газа и дека Израел „нема друг избор освен да го уништи Хамас“, вклучувајќи ги и припадниците на таа група во Рафа.
„Ние често се согласувавме, но имавме и несогласувања. Бевме во состојба да ги надминеме.
Се надевам дека ќе можеме да ги надминеме сега, но ќе го направиме тоа што треба да направиме за да ја заштитиме нашата земја. Ако не ги уништиме, ако ги оставиме, тие ќе се вратат.
Ќе излезат од тунелот, повторно ќе ја преземат Газа и ќе го направат тоа што го ветија, ќе го направат 7 октомври, овој огромен масакр повторно, повторно и повторно“, рече Нетанјаху во интервјуто за емисијата „Д-р Фил Прајтајм“, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Емисијата во која беше интервјуиран Нетанјаху е снимена завчера, пред Бајден да предупреди дека ќе ја прекине испораката на оружје за Израел доколку израелската војска започне голема инвазија на Рафа.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран