На Попова Шапка и во Лазарополе измерени -2, во Гевгелија 7 степени
На Попова Шапка и во Лазарополе утрово се измерени -2 степени Целзиусови, нула во Берово, Маврови Анови, 1 во Крушево, 2 степени во Крива Паланка, 3 во Скопје-Петровец, Охрид и Претор, 4 степени во Битола, Прилеп и Струмица, 5 степени во Тетово, Куманово, Скопје-Зајчев-Рид, Велес, Штип, Демир Капија, Виница и Кавадарци и 7 степени во Гевгелија.
Во изминатите 24 часа до 07 часот наврнат талог од 4 литри на метар квадратен има во Скопје-Петровец, Куманово, Крива Паланка, Ѓуриште, 3 во Охрид, 2 Гевгелија и еден во Скопје-Зајчев-Рид, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, Претор, Штип, Лазарополе, Крушево и Виница.
- Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, посочуваат од УХМР.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно со локален дожд, а утрово е претежно облачно.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз