Слушнете што кажа на распитот на дадилката-убиец од Москва
Ѓулчехра Бобокулова (30) целосно ја признала вината за убиството на 4-годишното девојче и се обидела на полицијата да и ја објасни причината за злосторството: се пожалила дека по разводот со нејзиниот прв маж роднините и ги одзеле трите деца.
Од Узбекистан каде што живеела таа пристигнала во Москва пред три години и на препорака од пријатели почнала да работи како дадилка во семејството на убиеното девојче.
Со својот прв маж жената била во брак 12 години, а роднините по разводот и ги одзеле трите деца иЃулчехра ја протерале на улицата.
Пред околу една година Бобокулова се запознала во Москва со друг маж, исто така од Узбекистан и според нејзините зборови, со него се гледале два пати неделно.
Ѓулчехра знаела дека мажот има семејство, но се согласила да стане втора, неофицијална сопруга. Но пред четири месеци љубовникот заминал за татковина и оттогаш дадилката го изгубила контактот со него.
– Немам официјално никаков маж до себе сега, рекла на сослушувањето Бобокулова.
Новинарите дошле до информација од жители на нејзиното село дека жената веќе 15 години е заведена со дијагноза „шизофренија“, болест што од година во година се почесто и се повторувала на пролет.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?