-->
-->
Откажани летови во Мексико Сити поради вулканската пепел од Попокатепетл
-->
Меѓународниот аеродром во Мексико Сити соопшти дека авиокомпаниите откажале 22 домашни и меѓународни летови за да ја проверат нивната безбедност откако авионите биле засипани од пепел од вулканот Попокатепетл додека летале кон мексиканската престолнина, пренесоа британските медиуми.
Аеродромот вчера на платформата X соопшти дека останува отворен и оперативен и дека облакот од вулканска пепел се движи кон Мексиканскиот залив.
Владата објави жолта тревога поради активностите на Попокатепетл, додаваат британските медиуми. Попокатепетл се наоѓа на околу 70 километри од Мексико Сити.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
