„Александар Велики“ најдобар во Европа во категоријата аеродроми под два милиона патници
Скопскиот аеродром ,„Александар Велики“ доби награда за најдобар аеродром во Европа во 2015 година ASQ за квалитет на услугите, во категоријата аеродроми под два милиона патници, што ја доделува организацијата Airports Council International (ACI), соопшти денеска концесионерот на македонските аеродорми ТАВ Македонија.
- Наградата е потврда на нашата посветеност на патниците и авиокомпаниите, како и на зголемениот број нови линии и подобрените услуги, за кои сме благодарни за напорите кои ги направија нашите партнерски компании, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.
Во истата категорија Скопскиот аеродром доби награда и во 2012 и 2013 година.
Светската бенчмарк програма на ACI која ги анализира услугите кои на патниците им ги нудат аеродромите, ги објави добитниците за квалитет на аеродромските услуги вчеравечер во Монтреал, Канада, по обработка на над 550.000 длабински направени анкети на над 300 аеродроми, во повеќе од 80 земји во светот во текот на минатата 2015 година.
Покрај скопскиот аеродром како победник за корисничкото задоволство на патниците во Европа, во категоријата аеродроми под два милиона патници, на другите континенти, победници се аеродромот Апингтон во Африка, Портланд во Северна Америка и Кулиакан во Латинска Америка (Кариби).
Анкетите на ASQ покриваат 34 клучни области на услуги и вклучуваат 8 главни категории, како што се пристапот, чекирањето, безбедноста, аеродромските објекти, храната и пијалоците, малопродажбата и друго. Сите аеродроми кои учествуваат ги користат истите анкетни прашања, создавајќи стандард од прашања и одговори во индустријата, кои им овозможуваат на учесниците (аеродромите) да ги следат и анализираат сопствените перформанси, како и да ги споредуваат резултатите со сите аеродроми на светско ниво.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава