Свет
24. January 2024 - 14:03

Папата Франциск: Во војната единствени победници се производителите на оружје

Папата Франциск, по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот, повторно апелираше за крај на сите војни.

– Сеќавањето и осудувањето на тоа страшно истребување на милиони луѓе може да им помогне на сите да не заборават дека логиката на омраза и насилство никогаш не може да се оправда.

Не треба да се замориме од молитвите за мир, да престанат судирите, да замолкне оружјето и исцрпеното население да здивне, истакна поглаварот на Римокатоличката црква.

Папата ги посочи израелско-палестински конфликт и бомбардирањето на цивилите во „маченичка Украина“.

Тој повтори дека „војната е секогаш пораз во која единствените победници се производителите на оружје“.