Loading Video...
Свет
7. January 2024 - 17:35

Преглед на вестите од светот

Рускиот Претседател Владимир Путин придружуван од семејствата на убиените војници војната во Украина утрово присуствуваше на божиќната служба во црквата која се наоѓа во рамки на неговата резиденција. Инаку, со централната богослужба рускиот патријарх Кирил чиноначалствуваше во црквата Христос Спасителот во Москва.
Но оружјето не мируваше на Божиќ.
Русија минатата ноќ лансирала 28 беспилотни летала и три крстаречки ракети кон Украина, соопштија украинските воздухопловни сили утрово.

Украинските медиуми јавуваат дека вчера биле регистрирани 11 жртви меѓу кои и 5 деца.

Бројот на жртви во земјотресот кој на Нова Година ја погоди Јапонија се искачи на 126 додека 222 лица се уште се водат како исчезнати. Светските агенции утроов ја пренесуваат сликата од спасувањето на 90 годишна жена која поминала повеќе од пет дена под урнатините. Студеното време и врнежите од снег кој се очекуваат во наредните денови ги комплицираат условите за пребарување на теренот како и за живот на повеќе од 30.000 раселени лица распоредени во 366 засолништа кои ги организира Владата.

Близу 23.000 жртви меѓу кои 10.000 деца е црниот биланс од израелските напади врз појасот Газа, објави палестинското Министерство за здравство дополнувајќи дека повредени биле близу 60.000 луѓе. Меѓу загинатите, Палестинците тврдат дека има над 300 лекари и повеќе од 100 новинари. Дополнително околу  7.000 луѓе се уште се водат како исчезнати а најголемиот дел од нив се жени и деца. Според палестинските извештаи, Израел спуштил неверојатни 65.000 тони експлозив врз Газа при што уништени се близу 300 училишта и 200 споменици дел од светското културно наследство. Израел не ги потврдува овие информации. Израелската војска соопштува дека ликвидирала повеќе од 8.000 милитанти на Хамас.