Македонија
28. November 2023 - 12:13

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со Левица

Коалицијата на ДПМНЕ и Левица, за која јавно се изјаснија и Мицкоски и Апасиев почива на анти НАТО, анти ЕУ вредности, како и на љубовта кон режимот на двете партии.

Се потврдува дека на претстојните парламентарни избори ќе има два политичка блока.

Првиот проевропски блок, предводен од СДСМ кој се бори за европска иднина, поголеми плати и пензии, подобар животен стандард и европски вредности.

И еден антиевропски блок од ДПМНЕ и Левица кој е за изолација и кој значи економско уназадување, стагнација и оддалечување од Европската унија и демократскиот свет.

Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица ја чека пораз од граѓаните на изборите наредната 2024 година, бидејќи граѓаните не сакаат изолација, нови иселувања на младите и неизвесност, туку се за членство во ЕУ, поголеми плати, подобар животен стандард, сакаат младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ