МТЕЛ ја претставува MOVE TV: Врвна стриминг-платформа со разновидни содржини и практични опции

MOVE TV новата стриминг платформа на MTEL нуди висококвалитетни содржини и напредни дигитални функции преку еден уред. Над 200 телевизиски канали од регионалните но и меѓународни гиганти како Superstar, Arena Sport, HBO, CNN и Disney Channel.
Видеотека со повеќе од 10 000 филмови и серии, вклучувајќи ексклузивни наслови од продукцијата на Телеком Србија и други познати светски продукции како HBO; BBC и АXN, MOVE TV обезбедува широк избор на легендарни и актуелни филмови и серии, како и премиум радиостаници.
MOVE TV Android box оди чекор повеќе од сите останати, нуди напредни функции кои го подобруваат корисничкото искуство. Корисниците можат да вклучат пауза и да премотуваат во реално време, и, да гледаат содржини, филмови, серии, натпревари премотувајќи до 7 дена наназад.
Како динамична и практична платформа за стриминг, МОВЕ ТВ лесно се пренесува иможе да се користи на било која локација во Македонија.
MOVE TV е достапен за претплата, со понуда на повеќе пакети.

Првиот кориснички пакет чини 199 денари и со него се добива повеќе од 100 ТВ и радио канали, до 7 дена враќање наназад, ВОД бесплатна видеотека , 2 уреди истовремено 1 TV BOX уред и 1 паметен уред ( телефон или таблет )
Вториот пакет чини 299 денари и нуди повеќе од 100 ТВ и радио канали, до 7 дена враќање наназад, ВОД бесплатна видеотека , 3 уреди истовремено 1 TV BOX уред и 2 паметни уреди ( телефон или таблет )
Третиот пакет чини 399 денари и во него се вклучени повеќе од 200 ТВ и радио канали, 100 ТВ и радио канали, до 7 дена враќање наназад, ВОД бесплатна видеотека , 4 уреди истовремено 1 TV BOX уред и 3 паметни уреди ( 1 тв и 2 телефони или таблет )
Групацијата Телеком Србија, преку телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, токму од Македонија го започна лансирањето на својата најнова стриминг-платформа, MOVE TV. За сите информации контак центарот на МТЕЛ 15 010 и mtel.mk
Ново на Сител
-

Суд одби барање да се запре проектот на Трамп за сала за бал во Белата куќа
-

Утрово најстудено во Берово - 6, максималната дневна температура до 16 степени
-

СЗО: Електронските цигари и тутунските производи сè попопуларни меѓу младите во Европа
-

Заврши испитувањето на Хилари Клинтон во истрагата на Претставничкиот дом на САД за Епстин
-

Македонските кошаркари со дуелот против Луксембург ги продолжуваат натпреварите за Евробаскетот 2029
-

Претседателката Сиљановска Давкова со највисоки почести ќе го пречека албанскиот претседател Бегај
-

НАРБМ ќе го одбележи Денот на ретки болести
-

Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
