СПМ: Посетата на Фон дер Лајен можност за пораки и ветувања, но со одредени услови и сериозни ограничувања
Социјалистичката партија на Македонија цени дека посетата на претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен и средбите кои ги оствари беа можност за да се достават пораки и ветувања, но со одредени услови и сериозни ограничувања.
Повеќе децениското чекање за влез во ЕУ го покажува односот на Унијата кон државата Македонија.
Барањата за уставни измени повторно се истакнати од Фон дер Лајен иако за тоа и е укажано дека нема реална можност со оглед дека опозицијата не се согласува со наметнатите бугарски барања. Дополнително со жалење констатираме дека таа со својот став воопшто не навлегла во суштината на наметнатиот проблем од Бугарија, неговата историска тежина и реперкусиите по националниот идентитет, историја и јазик.
Од ЕУ се бара решавање на корупцијата и на состојбите во судството во државата, постапки без кои нема влез во ЕУ.
Власта и нелегитимниот премиер Ковачевски изразуваат еуфорична надеж дека сето тоа што се бара од ЕУ ќе се оствари многу бргу само да се исполнат нивните желби за влез во Унијата по секоја цена.
Никому, па ни на власта и на Ковачевски не им е е јасно како ќе се остварат барањата кои личат на уцени што се наметнати од ЕУ.
За ублажување на барањата и уцените ЕУ го предлага Планот за раст но тој би бил остварлив доколку се исполнат сериозните барања од ЕУ.
Неспособната власт на Ковачевски нема ниту мандат ниту доволно пратеници за уставни измени, а најмалку се зафаќа за решавање на корупцијата и на состојбите во судството и обвинителството со оглед дека тие се под нејзина целосна контрола.
Власта и Ковачевски не сакаат избори за да може повеќе да крадат и да се богатат на сметка на граѓаните, а ги лажат во ЕУ дека се ќе оставарат.
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека ваквите посети се парада од која гостинката неможе или не сака да ја согледа реалната слика во Македонија ако не се сретне со опозицијата. Таа не го гледа незадоволството од граѓаните од власта и на барањата за нејзино што поскоро заминување со оглед дека и нејзиниот мандат е при крај.
Социјалистичката партија на Македонија
Ново на Сител
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите