Среде натпревар се степаа тренерот на Партизан и напаѓачот Менинг | ВИДЕО
Скандалозна сцена е видена во еден момент од натпреварот помеѓу Спартак и Партизан во Суботица, во рамките на Суперлигата на Србија.
На клупата на црно-белиот тим, кој победи со со 3:0 и е лидер во поредокот, дошло до физичка пресметка меѓу тренерот Игор Дуљај и холандскиот фудбалер Квинси Мениг.
Холанѓанецот се подготвуваше во 87.минута да влезе во игра, но не го направи тоа туку се упати кон клупата.
Тренерот и Мениг, како што се испостави подоцна, се нашле во клинч и физички се пресметале.
Камерите на фоторепортерите го снимија скандалозниот настан на стадионот во Суботица. Судејќи по фотографиите, Мениг, незадоволен од одлуката на шефот да остане на клупата, фрлил нешто кон него.
Дуљај не издржа, се упати кон Холанѓанецот, но тоа беше само почеток на хаосот пред членовите на стручниот штаб и играчите. Резервистот му возвратил на тренерот, истрчал и кон него и потоа летале тупаници.
Инцидентот траеше, страстите зоврија и за среќа брзо се смирија. Актерите Дуљај и Менинг и по инцидентот продолжија со вербалната пресметка, иако луѓето од клупата на Партизан реагираа и успеаја да го вратат резервниот играч на негово место.
Тренерот на Партизан по натпреварот имаше жесток монолог, незадоволен од општата состојба во клубот, долговите кон играчите и наталожените проблеми.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица