Белгија привремено воспостави контрола на границата со Франција
Белгија денеска соопшти дека привремено ќе воспостави контрола на границата со Франција со цел да се справи со евентуалниот бран мигранти по евакуирањето на кампот познат како Џунгла, во близина на францускиот град Кале.
- Ја информираме Европската комисија дека привремено излегуваме од шенгенот, изјави шефот на белгиската дипломатија Јан Јамбон.
Белгиските власти неколку недели стравуваат од пристигнување на мигранти од пристаништето Зербрјуге, откаде тргнуваат фериботите за Велика Британија.
- Ние по секоја цена сакаме да избегнеме шаторски кампови како тие во Кале. Тое е прашање на одржување на јавниот ред, посочи Јамбон.
Француското Министерство за внатрешни работи нареди вчера евакуација на така наречениот камп Џунгла, но поради отпор од бегалците и невцладините организации, одлуката е пролонгирана.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло