Македонија
16. September 2016 - 11:03

Ќе татне и небото од утре, следува период на потоп

Утре попладне и во недела ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, претежно во западните и југоисточните делови.

Позначителна промена на времето ќе има во понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со почести врнежи од дожд, на места пообилни, а температурата значително ќе опадне.