Работната група што ќе ја утврдува минималната пензија ќе почне да работи денес
Работната група за измени или ново законско решение за пензиско и инвалидско осигурување за минимална пензија и социјални мерки за пензионерите со ниски пензии ќе почне со работа денеска.
- Главна тема на работната група, формирана со одлука на Владата, денеска ќе биде Законот за минимална пензија, по примерот на минималната плата во државата за да ја утврдиме со закон минималната пензија, информираше претходно министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
На првиот консултативен состанок денеска ќе учествуваат претставници на сите релевантни институции, а ќе се разговара за се што е потребно за да се подобри животниот стандард на пензионерите.
Министерката Тренчевска посочи дека ќе се креираат мерки во чиј фокус ќе бидат пензионерите со пониски пензии, како и оние што живеат сами.
Инаку, изминатиот период пензионерите од цела Македонија излегоа на протести со барање да се покачат пензиите линеарно за 3500 денари, а не процентуално како што предвидува актуелното законско решение.
Ново на Сител
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград
-
Владата ги одобри 250-те милиони евра за бизнис секторот, на потег банките и компаниите
-
Безживотно тело извлечено од Вардар
-
На социјалните мрежи повици за бојкот на маркетите вo петок поради високите цени на прехранбените производи
-
Орце Ѓорѓиевски: За 100 проценти се зголемува помошта за новороденчиња во Кисела Вода
-
Познатата Селена Гомез со драматично видео против имиграциската политика на САД