Тело на петгодишно момче пронајдено во Дунав во Германија, било врзано за карпа и завиткано во фолија
Интерпол упати меѓународен апел за идентификација на тело на момче, пронајдено врзано за карпа и завиткано во фолија во реката Дунав во Германија.
Посмртните останки на детето беа откриени во близина на Гросмехринг во Баварија на 19 мај минатата година, но не е познато колку долго било во водата.
Истражителите веруваат дека тој имал меѓу пет и шест години и дека најверојатно времето го поминувал надвор од Германија, пренесува „Нова.рс“.
Властите на оваа земја побараа од Интерпол да испрати таканаречено црно известување, вклучувајќи слики од реконструкција на лицето, до 185-те земји-членки на организацијата.
Момчето било високо околу 110 сантиметри и тешко околу 15 килограми, со кафена коса и нулта крвна група.
Јирген Сток, генерален секретар на Интерпол, рече: „Преку ова црно известување, Интерпол ја повикува глобалната заедница за спроведување на законот да ги проверува базите на податоци и да консултира отворени или нерешени случаи. Некој, некаде знае нешто за ова момче, па подеднакво е важно одредени детали да бидат јавно објавени. Без разлика дали тој е жртва на трговија со луѓе, киднапирање или насилство, ние сме посветени да ги мобилизираме сите полициски сили на Интерпол за да го идентификуваат и да им помогнеме на истражителите да ја расветлат неговата смрт“.
Германската полиција сака да разговара и со секој кој се сеќава на исчезнато дете кое одговара на описот на момчето пронајдено во реката и чие исчезнување би можело да се поврзе со случајот.
Тие можат да соработуваат со Интерпол за да им помогнат на роднините кои веруваат дека момчето можеби е член на нивното биолошко семејство да добијат ДНК совпаѓање.
Инаку, црното известување е издадено како дел од програмата „Идентификувајте ме“, која беше лансирана во мај за да им помогне на полицајците во Белгија, Германија и Холандија да идентификуваат 22 жени и девојки за кои веруваат дека се убиени, пишува Sky News.
Ново на Сител
-

Америка го суспендира издавањето на иселенички визи за 75 земји, на списокот и нашата земја
-

Апел за помош - Исчезнат е Златко Максимовски
-

Со василичарско оро и палење на маските заврши Вевчанскиот карневал
-

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине
-

МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
-

Заврши лидерската средба
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
