Децата од социјално загрозените семејства од Кисела Вода заминаа на бесплатно летување
Децата од социјално загрозените семејства од Кисела Вода добија бесплатно летување платено од страна на општината. Се работи за 45 ученици од основните училишта кои денес заминaa на седумдневно летување во одморалиштето “Детски радости” во Св. Стефан, Охрид. Проектот кој чини околу половина милион денари, има за цел да им овозможи на децата да се дружат, да стекнат нови искуства и вештини, да се избегне нивната социјална изолација и да се поттике нивниот личен развој, самодоверба и одговорност.
- Денес 45 ученици од основните училишта во општина Кисела Вода заминaa на седумдневно целосно бесплатно летување во одморалиштето “Детски радости” во Св. Стефан, Охрид. За нив ќе се грижат наставници, аниматори, рекреатори, патува и доктор кој ќе се грижи за нивното здравје. Овој проект на Општина Кисела Вода претставува значаен чекор кон подобрување на квалитетот на живот на децата во социјалeн ризик. Се работи за ученици од семејства кои примаат социјална помош, како и од еднородителски семејства или со ниски месечни приходи, па ова е важна инвестиција во нивниот развој, обезбедувајќи им еднакви можности како што ги имаат нивните врсници-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски додавајќи дека овој проект е само една од многуте мерки од социјалната сфера кои се реализираат во Општина Кисела Вода за поддршка на социјално ранливите категории.
-Како општина, продолжуваме со нашиот ангажман за нивен успешен развој и континуирано подобрување на животот преку дополнителни проекти. И оваа учебна година обезбедивме ранче и училишен прибор за сите првачиња, а како новитет е тоа што сите основци ќе добијат бесплатни униформи. Го продолжуваме и проектот за бесплатни часови по странски јазици, часови за компјутерска технологија и бесплатен спорт за децата од социјално ранливите категории, а пакетот мерки за поддршка ќе биде дополнет и со нови услуги и содржини-додаде градоначалникот Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
„Утеха ни на небо ни на земја, животот уште незапочнат најсвирепо згаснат“, емотивен статус на таткото на Фросина
-
Парното поскапува просечно за 100 денари
-
Свекор полово ја вознемирувал 31-годишната снаа од Косово
-
Маркетите и трговските центри низ Хрватска празни, во тек голем бојкот
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезнат е 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино
-
Јаневска: Ова е нацрт-концепција и може да претрпи промени
-
Денеска и утре релативно топло, од недела вечер дожд и опаѓање на температурите
-
16-годишна девојка со нож го прободела својот татко во Пробиштип