-->
-->
Во 2015 двојно драматично зголемен криминалот направен од мигрантите во Германија
-->

Според доверливиот извештај подготвен од германската Федерална криминалистичка полиција (БКА)а објавен од весникот „Билд“ во 2015 година властите во Германија забележале зголемување од 80 % на криминалот направен од мигранти во однос на 2014 година.
Ако бројката од 208, 344 кривични дела и прекршоци за кои се тврди дека се сторени од мигранти се поделат на нивниот број тогаш излегува дека секој ден тие сториле по 570 криминални дела дневно или 23 секој час меѓу Јануари и Декември миннатата година.
Според извештајот до кој дошол „Билд“ реалниот кримминал е поголем и од оваа фасцинантна бројка затоа што во неа не се содржавни делата кои што сеуште не се расчистени. Според Германската државна канцеларија за статистика само половина од делата сторени во земјата имаат правна завршница а информациите се добиени од само 13 ид вкупно 16 германски федерални единници.
Според извештајот на врвот на листата на земји од каде што доаѓаат криминалци е Сирија (24 %) по што следуваат Албанија (17%) , Косово (14 %) и Србија и Авганистан до по 11 %. Македонија е во групата земји со по 4 % кривични дела сторени од нејзини државјани кои што побарале азил во Германија.
Најголем дел од криминалните дела се поврзани со кражби, фалсификати, прекршување на законот во имотно правни односи. Околу 36 илјади мигранти биле инволвирани во напади, тепачки и кражби а 28 илјади биле фатени без карти во јавниот превоз. Минатата година се забележани 1,688 сексуални напади од страна на мигранти врз жени и деца вклучително и 458 силувања.
Мигрантите биле инволвирани во 240 обиди за убиство при што се убиени 28 лица , од нив 27 исто така се мигранти и еден е Германец.
Според извештајот минатата година 266 лица се осомничени за членување во џихадистички организации од кои 80 веќе докажале дека не се џихадисти а останатите сеуште се истражуваат. Инфилтрацијата на радикални исламисти во земјата според извештајот е „растечки тренд“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски - Брунер: Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности
-

Ѓорѓиевски: Скопје не смее да чека, мора да се развива - посветено и со визија, во завршна фаза е изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром
-

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси
-

Приведен 18-годишник од тетовско осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции
-

Сиљановска Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за копенхашки критериуми
-

„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“
-

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност
-

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
