Loading Video...
Тенис
15. July 2023 - 18:01

Прва Грен-слем титула за чешката тенисерка Вондрушова

Чешката тенисерка Маркета Вондрушова е годишна победничка на Вимблдон

До својот првиот Грен-слем трофеј во кариерата, чешката тенисерка стигна откако во финалето за само 77 минути ја совлада Тунижанката, Онс Џабир со 2:0 (6:4, 6:4).

Првиот сет изобилуваше со брејкови и пресврти, а во клучните моменти подобро се снајде Чешка. При резултат 4:4, Вондрушова  таа го направи третиот брејк во сетот и подоцна го потврди со сервис и поведе со 1:0.

Вториот сет помина речиси исто како и првиот. Двете тенисерки направија по два брејка и повторно при 4:4 Вондрушова освои гем на сервис на Џабер. Го искористи тоа и заслужено стигна до најголемата победа во кариерата.

За победата чешката тенисерка доби чек и од 2.350.000 фунти, а Џабер половина помалку.

Утре на програмата е машкото финале. Во него Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да го освои осмиот трофеј Вимблдон и да се израмни со Роџер Федерер. Воедно Србинот ќе атакува на 24-пехар од Грен-слем турнирите.

Противникот на Ѓоковиќ ќе му биде младиот Шпанец, Карлос Алкараз , кој до сега го нема освоено Вимблдон.