Рускиот амбасадор во Лондон предупреди дека војната во Украина може да ескалира доколку Велика Британија продолжи да испорачува оружје на Киев
Рускиот амбасадор во Лондон, Андреј Келин, предупреди дека војната во Украина може да ескалира поради доставувањето на оружје од Велика Британија и западните земји на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој изјави дека оваа акција на земјите од НАТО, особено на Британија, претставува ризик од продолжување на војната и појава на нова димензија на непријателствата.
Келин истакна дека Русија располага со огромни ресурси иако борбите траат долго време, неговата земја сè уште не презема сериозни акции. Тој наведе дека Русија е 16 пати поголема од Украина и има значајни капацитети.
Сепак, амбасадорот изјави дека не го посакуваат ниту не им е потребна ескалацијата на конфликтот и дека мир може да се постигне веднаш. Според него, распространетите и зголемените докази за руските воени злосторства не се вистинити и вели дека Украина е таа која извршува воени злосторства. Тој исто така вели дека ОН не поседува овластување да истражува воени злосторства.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
