Совет за етика во медиумите: Да се почитуваат принципите на професионално информирање
Советот за етика во медиумите ги повикува новинарите и уредниците на одредени медиуми да ги отстранат практиките на, како што наведува, непрофесионално известување и да се стремат кон професионално информирање и заштита на професијата преку исклучиво служење на интересот на јавноста.
- Наместо да биде заведувано од изворите на информации, вознемирувано од носителите на моќта или компромитирано од личните интереси, повикуваме новинарството да и служи на јавноста низ чесно, коректно и одговорно информирање. Служењето на јавноста не подразбира пласирање полувистини, свесно пропуштање важни теми и прашања и изнесување лажни тврдења заради морална тортура врз поединци, групи или институции. Едностраното информирање и погрешните информации треба да бидат отстранети, а грешките поправени, наведува Советот.
Во Советот за етика веќе се добиени педесетина реакции и жалби за прекршување на Повелбата и Кодексот на новинарите во медиумите, а меѓу нив се и медиуми - потписници на Повелбата.
- Новинарите и уредниците ги потсетуваме да ги почитуваат и применуваат принципите за професионално известување што се содржани во Повелбата за етичко известување, која ја потпишаа најголем дел од медиумите во државата, стои во соопштението од Советот.
Советот за етика во медиумите потсетува дека процесот на прифаќање и потпишување на Повелбата се уште е отворен и ги поканува оние кои досега не се приклучија на оваа иницијатива да го направат тоа во име на потребата од заедничко ангажирање околу создавањето независно новинарство во државата.
Ново на Сител
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час