-->
-->
НБА: Херис се пресели во Детроит
-->
Орландо го испрати Тобијас Херис во Детроит, а на Флорида го донесе Ерсан Иљасова и Брендон Џенингс. „Подготвен сум да играм во плејофот“, рекол 23-годишниот Херис за ESPN.
Орландо и Детроит се решија да направат трејд, со кој ќе внесат свежина (Детроит) и искуство (Орландо) во своите редови.
Детроит има скор 27-27 и има една победа помалку од Шарлот кој се наоѓа на осмата позиција на Истокот, додека Орландо е на 11-то место со скор 23-29.
Тобијас Херис, во тековната сезона има просек од 13,7 поени и седум скокови по натпревар. Детроит го презеде неговиот договор вреден 64 милиони долари и се надева дека овој 23-годишен кошаркар ќе му помогне на тимот да избори пласман во плејофот, каде Пистонси последен пат биле во 2009 година.
Орландо, најмладиот тим во лигата, внесува искуство во екипата, кое го носат Иљасова и Џенингс.
Иљасова има просек од 11,3 поени и 5,4 скокови по натпревар, додека Џенингс, кој неодамна се врати по повредата, во просек по натпревар бележи 6,8 поени, два скока и три асистенции.
Инаку, Иљасова и Џенингс, во Орландо ќе работат со тренерот Скот Скајлс, кој во минатото им беше тренер во Милвоки.
Џенингс се наоѓа во последната година од договорот и треба да заработи 8,3 милиони долари, додека договорот на Иљасова за следната година е негарантиран, доколку Орландо реши да го задржи тогаш турскиот репрезентативец ќе заработи 8,4 милиони долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години