Свет
30. March 2018 - 17:46

Најавено исклучување на телевизијата РТ од кабелските мрежи во Вашингтон

Компанијата која емитува програма на руска телевизија на англиски јазик Раша тудеј (РТ) во Вашингтон, од идниот месец ќе ја исклучи таа телевизија.  

РТ и натаму ќе биде достапна преку сателит, пренесува Си-Ен-Ен. 

МХз, компанија што презема и пренесува странски информативни програми меѓу кои и РТ во Вашингтон, објави порано овој месец дека ќе намали емитување на таа мрежа од 1 април. Одлуката, исто така, влијае и на другите меѓународни мрежи, како што се Франс 24, ЦГТН и „Дојче веле“, наведува Си- Ен -Ен.

Како резултат на таа одлука кабелските оператори во Вашингтон, како што се Комкаст и Кокс Комуникејшнс ќе престанат да ги пренесуваат. 

Кремљ ја нарече одлуката за прекин на емитување на програма на руската телевизија РТ во Вашингтон, „неоснована и дискриминаторска“. 

Ново на Сител