За 10 месеци преку „Македонија вработува“ реализирани 13.000 вработувања
Над 8,400 слободни работни места на пазарот на труд, објави Агенцијата за вработување.
Се бараат работници од различни профили - продавачи, правници, доктори, економисти, комерцијалисти.
Зголемената побарувачка на работна сила, според познавачите се толкува како можност компаниите да ги искористат поволностите кои државата ги нуди преку нокоја од мерките и програмите.
Еден од нив е проектот Македонија вработува, преку кој за 10 месеци вработени се 13.000 лица.
- Овај проект дава резултати и ќе продолжи да се реализира до крајот на април. Им носи значителни заштеди на компаниите и тоа од 1.500 до 2.000 евра за секое отворено работно места, изјави заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Покрај овој проект, државата преку низа други мерки го стимулира отворењето работни места . Доделува грантови за започнување сопствен бизнис, парични средства за компаниите кои ќе обучат лица за дефицитарни занимања, како и финансирање вработување нови лица во фирмите.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар