Отец Јаков: Трансродовите лица можеби имаат здравствени проблеми – треба да им се помогне

Вашето субјективно чувство дека сте некој друг пол може да биде и ментално растројство, тоа е индивидуално чувство и можеби е патолошка состојба, вели за Детектор Отец Јаков Епископ Стобиски.
Според него Родовата дисфорија е патолошка состојба, се смета за медицинска состојба, а тоа што некој не го смета за растројство е друг проблем, но факт е дека на овие лица треба да им се помогне.
„Кога психолошкиот аспект ќе има сериозен импакт на објективната реалност, на општествената свест, тоа субјективно чувство може да биде и ментална состојба, ментално растројство. Тоа е индивидуално чувство, тоа е реален свет за личноста што страда тоа е патолошка состојба. Родовата дисфорија се смета за медицинска состојба, тоа е патолошка состојба. Тоа што некој не ја смета за растројство, тоа е, тоа е сериозна состојба и во која што луѓето страдаат и апсолутно треба даи м се помогне. Јас зборувам против трендот. До 2007 година родовата дисфорија како дијагноза е исклучитено ретка и се дијагностицирала кај машката популација на 15.000 момчиња само едно момче било дијагностицирано. Од 2007 навака за 4.000% е зголемен тој тренд. Во било која гранка на медицината, таква експлозија, таква епидемија на трансџендеризам би ги вклучила сите аларми“ – вели Отец Јаков за Детектор.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
