Средношколците и студентите протестираа пред МОН
Тест а не стрес, матуранти предводени од ОДАС бараат кратење на материјалот за полагање на државна матура. Сметаат дека се оштетена генерација која немала ниту една година настава во целост реализирана. Матурата е закажана за 27 мај, па бараат доколку не може да се скрати материјалот , тогаш да се укине еден од интерните испити.
Поддршка добија и од студентски отпор. Студентите реагираат да се подобри средношколскиот и студентски стандард. Побараа да не доцни со месеци исплатата на стипендиите и да се зголеми субвенцијата за оброк.
По протестот средношколците остварија средба со претставници на МОН, од каде добиле ветување дека ќе се земат предвид нивните барања.
Инаку од Сојузот на средношколци се спротистави на барањето од нивните врсници за укинување на еден интерен испит, бидејќи тоа ќе одело на нивна штета. Наместо тоа , предложија да се промени соодносот на поените кои се добиваат од екстерните и интерните предмети и проектната задача. Дополнително, од Владата побараа да им препорача на универзитетите, првиот екстерен предмет мајчин јазик, да го сметаат за соодветен за да се зголеми придонесот во поените при упис. Најдоцна 4 дена пред полагање на интерните предмети, училиштата да им дадат базен со прашања кој ќе содржи три пати повеќе од прашањата кои ќе ги добијат на испитот.
Министерот за образование и наука најави дека ќе ги анализираат ставовите на двете средношколски организации, а за следната недела закажал средба со директорката на ДИЦ кој ја спроведува државната матура.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар