Од почетокот на годинава во Куманово, опожарени четири автомобили, лани 13

Од почетокот на годинава, до денеска на подрачјето на СВР Куманово опожарени се четири автомобили, соопштија денеска од кумановската полиција. Претходно и противпожарната единица соопшти дека од почетокот на годинава интервенирале на пожари на четири патнички моторни возила, три во Куманово и еден автомобил во липковското село Оризаре.
- На подрачјето на Куманово во 2022 година биле пријавени тринаесет настани за опожарени возила, додека од почеток на 2023 година се пријавени четири. Од вкупно пријавените 13, минатата година биле поднесени две кривични пријави против двајца сторители за извршување кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност“, а за останатите пријавени настани било утврдено дека возилата биле опожарени од неисправна инсталација, соопшти полицијата.
СВР Куманово презема мерки за расчистување и на другите случаи.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нервозни зошто Артан Груби е уапсен и може да изнесе податоци за криминалите на Заев, Филипче и Спасовски
-

Кривична за поранешен директор на Здравствен дом Куманово, незаконски вработувал лица во установата
-

Следува период на стабилно и суво време
-

Уапсен беровчанец, возел со 1,96 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-

Со само 100 денари до нов автомобил!
-

Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
