Кери и Лавров разговараа за спроведување на примирјето во Сирија
Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Срегеј Лавров денеска имаа билатерална средба на маргините на Безбедносната конференција во Минхен, на која станало збор за конкретни чекори за спроведување на постигнатиот договор за еднонеделен прекин на огнот во Сирија.
Како што јави ТАСС, портапролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова соопшти дека средбата, која била организирана на барање на САД, траела 40 минути.
Според Захарова, Лавров и Кери на средбата ја потенцирале потребата од меѓусебна соработка „за спроведување на сето она што е договрено“ за време на средбата на Меѓуанародната група за поддршка на Сирија, што се одржа во четвртокот вечерта во Минхен и на која беше постигант договорот за примирје.
Кери претходно денеска во Минхен изјави дека ќе стори се што е во негова можност да се спроведе договорот за примирје во Сирија, реагирајќи на ставот на Лавров дека шансите се спроведување на договорениот прекин на огнот се под 50 отсто.
- Веројатноста за пропаѓање на примирјето е поголема од шансите за негов успех, изјави Лавров во обраќањето на Безбедносната конференција во Минхен, додавајќи дека за спроведување на договорот за прекин на огнот и за надминување на хуманитраните проблеми потребна е соработка и непрекината координација меѓу Русија и САД.
Коментирајќи ја изјавата на Лавров, Кери кусо одговори дека „му се допаѓа неговиот оптимизам“.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка