Кремљ негира дека Русија гаѓала станбена зграда во Дњепар
Кремљ денеска негираше дека руските сили погодиле станбена зграда во градот Дњепар, каде, според украинските власти, руска ракета убила најмалку 36 лица.
– Руските вооружени сили не бомбардираат станбени згради, ниту цивилна инфраструктура, тие бомбардираат воени цели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека „можно е да паднала украинска ракета за противвоздушна одбрана врз зградата“.
Според украинските власти, најмалку 36 лица, меѓу кои две деца, загинале во експлозијата на руска ракета што во саботата погоди зграда во Дњепар, а 35 лица сè уште се водат како исчезнати. Бројот на загинати денеска се искачи на 35, а потоа на 36, бидејќи спасувачките екипи пронајдоа тела под урнатините.
Коментирајќи ги најавите дека Западот ќе испрати тенкови во Украина, Кремљ денеска се закани дека ќе ги „запали“, особено оние што планираат да ги испратат Лондон и Варшава.
– Тие тенкови горат и ќе продолжат да горат, рече Песков на дневниот телефонски брифинг за новинарите.
Тој повтори дека Западот ја користи Украина за да постигне „антируски цели“ и дека Кремљ е решен да ги постигне „целите на специјална воена операција“, како што руските власти ја нарекуваат офанзивата против својот сосед.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
