Во Аргентина рекордна инфлација од 94,8 отсто
Аргентина забележа инфлација од 94,8 отсто, што е највисока во таа земја по 32 години и една од највисоките стапки на инфлација во светот во 2022 година.
Сепак, декемвриската стапка од 5,1 отсто покажува релативно забавување во последните месеци. Ценовниот показател за декември објавен синоќа од Националниот институт за статистика покажува тенденција на намалување на инфлацијата од месечниот врв од 7,4 отсто во јули, потоа 6,3 во октомври и 4,9 отсто во ноември.
Инфлацијата во Аргентина во 2021 година беше 50,9 отсто, а по минатогодишниот пораст, владата очекува оваа година да ја ограничи на 60 отсто и врз таа проекција го заснова државниот буџет.
Претходниот рекорд беше во 1991 година, со неколку последователни годишни стапки на инфлација над 100 проценти. Таа година го означи крајот на циклусот на хиперинфлација над 1.000 отсто.
Аргентина, третата по големина економија во Јужна Америка, е заглавена во хронична двоцифрена инфлација во последните 12 години.
Ново на Сител
-
Груби објави дека се повлекува од јавниот живот
-
Мурињо: Секогаш ќе бидам голем фан на Реал Мадрид, тие го имаат најдобриот тренер на светот
-
Без струја делови од општина Ѓорче Петров
-
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла по котлините
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба