Во Аргентина рекордна инфлација од 94,8 отсто
Аргентина забележа инфлација од 94,8 отсто, што е највисока во таа земја по 32 години и една од највисоките стапки на инфлација во светот во 2022 година.
Сепак, декемвриската стапка од 5,1 отсто покажува релативно забавување во последните месеци. Ценовниот показател за декември објавен синоќа од Националниот институт за статистика покажува тенденција на намалување на инфлацијата од месечниот врв од 7,4 отсто во јули, потоа 6,3 во октомври и 4,9 отсто во ноември.
Инфлацијата во Аргентина во 2021 година беше 50,9 отсто, а по минатогодишниот пораст, владата очекува оваа година да ја ограничи на 60 отсто и врз таа проекција го заснова државниот буџет.
Претходниот рекорд беше во 1991 година, со неколку последователни годишни стапки на инфлација над 100 проценти. Таа година го означи крајот на циклусот на хиперинфлација над 1.000 отсто.
Аргентина, третата по големина економија во Јужна Америка, е заглавена во хронична двоцифрена инфлација во последните 12 години.
Ново на Сител
-
Николоски: Уште шест нови авиолинии до крајот на годината
-
Мисија на САД во НАТО: Безбеден и стабилен Западен Балкан приоритет за НАТО и САД
-
Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас во посета на Тетово
-
Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари
-
Доделување сертификати на 145 земјоделци за одржливо земјоделство во Преспа
-
Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на фабрика за батерии за автомобили на компанијата „ABEE“ во ТИРЗ Кичево
-
Нова американска воена помош од половина милијарда долари за Украина
-
Макрон денеска ќе го соопшти името на мандатарот за состав на влада