Мицкоски: Очекуваме над 1.500 идеи од граѓаните, градоначалниците од власта не дадоа отчет за сработеното
– Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Општина Велес каде што се одржа четвртиот ден од настанот „Твојата идеја за промена“ истакна дека е задоволен од изминатите два викенди да соберат што е можно поголем број сугестии од граѓаните за реализација на проекти што ќе се реализираат во 2023 година и во периодот што потоа следи.
Тој рече дека дел од општините каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ или пак ВМРО-ДПМНЕ е дел од општинската управа, веќе имаат предвидено свои проекти што се опфатени со капиталните инвестиции и буџетите за 2023 година, но дека дел ќе бидат проекти што граѓаните ги кажуваат преку оваа акција, ги доставуваат директно во општините или преку веб страната budzeti.mk.
–Повеќе од 1.500 идеи очекуваме да стигнат. Првиот викенд беа повеќе од 800, сега веќе ако ја следиме и онаа динамика од вчерашниот и денешниов ден претпладнево, можеме да кажеме дека имаме повеќе од 1.500 пристигнати идеи, рече Мицкоски, додавајќи дека за првпат општините го креираат буџетот заедно со граѓаните.
Оцени дека во Велес се реализирани многу проекти и покрај економската и енергетската криза и најави дека за следната година се предвидуваат повеќе од 1,5 милиони евра за асфалтирање и реконструкција на улици, булевари и две спортски сали во населените места Дворови и Тунел.
Градоначалникот на Велес Марко Колев вети дека ова нема да биде последна средба со граѓаните и најави дека е одвоена сериозна сума на финансиски средства за подобрување на основната инфраструктура во Велес.
– Зборувам за асфалтирање и бетонирање на улици, тоа сакаме во наредниот период да го направиме со граѓаните да ги дефинираме точно улиците за што отприлика за 10-тина дена ќе имаме голем настан каде што ќе бидат поканети граѓаните на тематска работилница каде ќе ги зборуваме за овие работи, рече Колев.
Мицкоски по настанот, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека градоначалниците на власта не дале отчет за сработеното во изминатата година.
– Ниту дадоа отчет што сработиле изминатата една година, каде ги потрошиле парите на граѓаните, каде ги потрошиле дотациите од централниот буџет, бидејќи општините каде што се од ВМРО немаат дотации за капитални проекти, тие се фокусирани каде има градоначалници од власта. Не дадоа отчет, немаат отворени денови за креирање на буџетот за следната година, не знаеме каде ќе ги трошат тие пари, но тоа покажува само каква е политичката матрица на власта на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.
На прашањето, пак, да даде коментар за меѓусебните обвинувања на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и шефот на ЈО Љубомир Јовески, истакна дека смешни и комични делуваат пресметките на отворена сцена, оти криминалот и корупцијата, како што вели, се присутни секаде и поради тоа, според него потребни се избори за да дојдат, како што вели, нови луѓе кои ќе се справат со криминалот и со корупцијата.
Ново на Сител
-
Патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања, товарниот со мали застои
-
Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег
-
Украина ноќеска соборила 60 од 94 лансирани руски беспилотни летала, 34 се „изгубиле“
-
Студено насекаде со врнежи од снег, поради ниските температури ќе има појава на голомразица и снежни наноси
-
Укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Крива Паланка – Г.П. Деве Баир
-
Мисајловски и Лафчиски положија венец на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, каде пред 17 години загинаа 11 мировници од Армијата
-
Приведени четири лица, сите од Гевгелиско, осомничени за незаконит лов
-
Во гостиварско Добридол приведени седум странски државјанки поради злоупотреба на туристички престој