Панова: Партизацијата на судството зема се поголем замав
СДСМ се во паника и затоа партизацијата на судството зема се поголем замав.
Во трас-трас судството владее корупција, непотизам и криминал.
Токму затоа, од оваа говорница уште еднаш ги повикувам Министерот за правда и Антикорупциската комисија да се произјаснат во врска со назначувањето на Весна Дамева, член на СДС и член на партиската комисија на СДС, од стручна соработничка без искуство во судење, најпрво во член на Судски Совет, а сега и негов претседател!
Антикорупциската за ова не смее да молчи и мора веднаш да реагира.
Исто така, денес сакам да го повикам Јавното обвинителство да истражи кои се тие судско-бизнис елити толку силни кои ја натераа претходната претседателка Црвенковска да замине од функцијата Претседател на Судскиот совет за на нејзино место седне Дамева.
До кога Јавното обвинителство ќе молчи за сите скандали на власта? Обвинителството мора да истражи кој бил толку силен што има влијание на Судскиот совет. Се сомневаме дека тој притисок доаѓа директно од врвот на власта предводена од ДУИ и СДСМ.
Дали Дамева е назначена токму од овие судско-бизнис елити? Што треба да испорача?
Власта мора да одговори на овие прашања и да има одговорност.
Со вакво непостапување на институциите и одмолчување на сите афери, Македонија не може да има напредок, напротив ќе расте на скалилата за корупција и криминал и континуирано ќе добива лоши извештаи и сериозни пораки од нашите меѓународни пријатели.
Малку им беше меѓународниот срам со изборот на првиот обвинител, сега инсталираа и партиски член, член на партиска комисија на СДС да го води Судскиот Совет. После сите овие скандали, дури и оние 8% доверба од граѓаните, им се премногу. Го претворија судството во партиски штаб во кој вдомуваат само некомпетентни партиски членови.
Партизацијата не застанува, но тоа нема да им помогне во одговорноста која ќе следи наскоро. Нема да им помогне ниту партизираното судство, ниту обвинителството. Реформи мора да има, одговорност мора да има.
Изјава за медиуми на Ели Панова, пратеничка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
