Македонија
4. December 2022 - 12:29

Стефковски: За 2023 година ќе креираме еден развоен буџет кој ќе донесе инфраструктурен бум во Гази Баба

Почитувани претставници на медиумите, општина Гази Баба го живее новото време, време на посветено транспарентно и отчетно работење. Општините се на народот и затоа граѓаните се тие кои што одлучуваат како да се трошат народните пари.

Во оваа насока овој викенд во општина Гази Баба се реализира отворен ден во кој што граѓаните ги даваат  своите предлози и идеи кои ќе бидат составен дел од буџетот за 2023 година.

Исто така изминатиот период како општина организиравме еден граѓански дијалог со директни средби со граѓаните во 24 месни урбани заедници. Искрено од одзивот и интересот на граѓаните сум задоволен, а секако и од идеите кои што се доставени. 

Согласно идеите кои што стигнаа до општината и кои што ги предлагаат граѓаните и можностите за 2023 година ќе креираме  еден развоен буџет, буџет кој ќе донесе инфраструктурен бум во општина Гази Баба, година во која што ќе се реализираат голем број на капитални инвестиции како што се изградба на нови детски градинки, изградба на нови паркови, изградба на училишни спортски сали, изградба на детски катчиња, на мултифункционални игралишта и така натаму.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ