Собраниската Комисија за здравство даде поддршка за употреба на канабисот во медицински цели
Собраниската комисија за здравство денеска го усвои прелогот за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци во прво читање и го даде на натамошно разгледување.
Во име на предлагачот Министерството за здравство, државниот секретар во Министерството Стојанчо Стојковски појасни дека измените се однесуваат на легализација и контролирана употреба на строго контролирани производи од канабис за медицински цели во Македонија.
- Потребата од донесување вакво законско решение е желбата да им се помогне на луѓето кои бараат и на природен начин за лекување да го користат канабисот, секако под строго контролирани услови, истакна Стојковски.
Употребата на канабисот не смее да претставува само лекување, појасни Стојковски и додаде дека тоа треба да претставува лекување со медицинска препорака под надзор и дека нема да биде замена на конвенционалната медицинска терапија.
Според него, потребата за овие измени во законот е дека во досегашните одредби употребата на производи од коноп беше забранета и во таа смисла е наложена потребата од него.
- Со овие измени на пациентите ќе им се овозможи достапност до производите од канабис со строго контролиран состав и квалитет наместо како до сега кога имаше случаи да има користење на производи од канабис кои се од неконтролиран состав, а и самото дозирање не беше под никаков медицински надзор, рече Стојковски.
Поддршка за легализација даде пратеникот Сашо Василевски од ВМРО-ДПМНЕ за кој потенцира дека се работи за контролирана употреба на канабисот за медицински цели.
- Ова не е нова работа во светот дека канабисот како можен лек е познат од пред 3.000 години. Се употребувал во минатиот век, а од октомври 2015 година во 13 земји од ЕУ се овозможи употреба на препарати на база на коноп за медицински цели, истакна Василевски и додаде дека тој лично го пробал „лекот“ од канабис кој на црно бил набавен од роднини на негов пријател кој бил болен од канцер.
Ален Георгиев од СДСМ го поддржа законот и нагласи дека овие измени требало порано да се донесат за да не се изложуваат болните во ризик да набавуваат на недозволен начин од лекот од канабис.
Во рамки на седницата, пратениците дадоа поддршка за повеќе предлог закони за именување и дополнување, меѓу кои и законите за земање и пресадување делови на човечко тело заради лекување, за јавно здравје, хемикалии, здравствена заштита.. сите во прво читање, кои се однесуваат на усогласување со одредбите на Законот за општа управна постапка.
Ново на Сител
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот
-
Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО
-
Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП