150 санкционирани возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, осум мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за возење над дозволеното, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Изречени се пет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, четири мерки за користење мобилен телефон...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа