Пендаровски ја прими Ирене Келин, претседателка на Националниот совет на Федералниот парламент на Швајцарија
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ирене Келин, претседателка на Националниот совет на Федералниот парламент на Швајцарската Конфедерација, која престојува во посета на Република Северна Македонија.
На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу Северна Македонија и Швајцарија, кои од воспоставувањето на дипломатските односи се цврсто поставени со позитивна развојна динамика, при што соговорниците се заложија за интензивирање на политичкиот дијалог, како и унапредување на проектната поддршка за натамошен демократски и економски развој на нашата држава, соопшти кабинетот на претседателот.
Двајцата соговорници разменија мислења за перспективите на билатералната и на мултилатералната соработка во наредниот период, како и за предизвиците на процесот на интеграција во ЕУ на нашата земја и на Западен Балкан во целина, а во тој контекст беше посочена важноста на регионалната соработка за ЕУ перспективата на регионот.
Претседателот Пендаровски, заблагодарувајќи се што Швајцарија е меѓу најважните билатерални донатори во нашата држава, изрази задоволство од швајцарската стратегија за соработка со Северна Македонија 2021-2024 година, која обезбедува стабилна и долгорочна реализација на проектни активности од областите на демократското владеење, одржливиот економски развој, животната средина.
Соговорниците разговараа и за економските билатерални односи, при што беше нагласено дека постојат можности, потенцијали и соодветни капацитети за многу пообемна трговска размена и подобра севкупна економска соработка во иднина. Во тој контекст, се разменија мислења и информации за економската и енергетска криза, предизвикани од војната во Украина, се вели во соопштението од кабинетот на шефот на државата.
Ново на Сител
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп