Груби: Ќе има промена во Владата, на местото на Милевски доаѓа Пенов
Секако дека ќе има промена, затоа што колегата Горан Милевски даде оставка и ЛДП го предложи Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, додавајќи дека за какви било други промени останува да одлучат лидерите на политичките партии.
– Јас не сум тој што одлучува, јас сум тој што извршува. Јас сум во Владата за да извршувам, а не да размислувам по однос на овие прашања. Има кој размислува за тие прашања, има претседател на партијата, органи на партијата, кои што ги носат одлуките. Јас ги извршувам тие одлуки, рече Груби при посетата на Струга.
Коментирајќи ја средбата на Блерим Беџети и Изет Меџити, кои се дел од т.н. „огнена група“ со независниот пратеник Кастриот Реџепи и дали постои можност за губење на парламентраното мнозинство, Груби одговори дека на земјата и треба стабилно парламентрано мнозинство и одговорност од сите кои треба да придонесат во реализација на целите за зачленување во ЕУ.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?