Ахмети: Има меѓучовечки односи кои не се добри, но не во целина, туку се одредени луѓе
– Има меѓучовечки односи кои не се добри, но не во целина, туку се одредени луѓе. Овие работи треба да се поправат, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по денешната средба со членовите на партиските ограноци од Чаир и Сарај, кои пред неколку дена преку писмо обвинуваа дека во партијата речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски тела и дека политичкото одлучување, станало индивидуално.
– Со овие пресметки се занимавам веќе 20 години. Извршната власт има други проблеми, органоците и општините имаат други проблеми и природно се појавуваат противречности меѓу овие институции, што е природно. Со извршната власт, раководители на ограноци зборувавме да се средат тие нејаснотии, недоразбирања. Во спротивно, нема ништо загрижувачко. Нема ништо од тоа што се зборува дека ќе се создаде нова партија, изјави Ахмети.
Според него, средбите се конструктивни и треба да постои дебата. Денешната средба со ограноците од Сарај и Чаир поминала добро и посочи дека ништо не е непоправливо.
– Меѓучовечките односи се над се. Функциите доаѓаат и си одат, но човештвото останува. И во семејството имате кавги и никој не може да каже дека има идеални односи, но може да се случат и несогласувања. Но, да најдеме енергија да ги надминеме овие несогласувања бидејќи ни претстојат големи цели, рече Ахмети.
Ново на Сител
-
На седиште во меѓуградски автобус оставил торба со марихуана, полицијата ја пронашла - кривична за 18-годишник
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
-
Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
-
Фјури објави дека се повлекува од боксот
-
МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија
-
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот