Фатен дрвокрадец во Кичевско
МВР соопшти дека вчера од 04.00 до 08.00 часот беше спроведена акциска контрола на 43 локации каде се врши лов на територија на Република Северна Македонија, при што биле контролирани 189 лица, возила и багаж.
При контролите, во 04.30 часот на локален пат за кичевското село Добреноец, полициски службеници од ОВР Кичево сопреле патничко возило „ландровер“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(56) од селото Другово. Притоа, констатирале дека тој нелегално превезува дабово огревно дрво, кое е одземено и предадено на Шумската полиција-Кичево за понатамошна постапка. По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.
Исто така, при контролата биле констатирани повеќе прекршоци по Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за возила кои соодветно биле санкционирани.
Ново на Сител
-
Рубио го поддржува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над Газа
-
Вучевиќ: Мојата оставка е „незапирлив процес“
-
„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
-
„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје
-
Приведен 58-годишник од Делчево за предизвикување пожар
-
„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје
-
Грција депортираше 40 државјани на трети земји кои не добиле азил
-
Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина