Огревното дрво на ЈП „Национални шуми“ поскапено за 20 проценти
Огревното дрво на ЈП „Национални шуми“ се продава по 20 проценти повисока цена, откако стапи во сила одлуката на УО на претпријатието од 21 јули годинава за која вчера е добиена согласност од Владата.
-Управниот одбор на ЈП Национални шуми на 21 јули донесе одлука за зголемување на цените на главните шумски производи и за таа одлука чекавме согласност од Владата и ја добивме на 31 август. Национални шуми од вчера веќе ги продава своите производи со повисоки цени за 20 проценти од досегашните, изјави за МИА в.д. директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски.
Огревното дабово дрво, што најмногу ги интересира граѓаните, како што појасни, ако еден просторен метар досега беше 2.454 денари со ДДВ од вчера се продава за 3.000 денари со ДДВ, а буката е за 100 денари поевтина. Сите други производи, вклучувајќи ги и трупците за индустријата, Груевски рече дека се со 20 проценти повисоки цени.
Ново на Сител
-
На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36
-
Јужнокорејско разузнавање: Околу 300 севернокорејски војници загинале во борбите против Украина
-
Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово
-
НИС: Трамп ќе бара средба со Ким за да постигне „мал договор“
-
Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
-
Седници на три собраниски комисии
-
Милановиќ во победничкиот говор: Ова е признание за мене и мојата работа, но и порака до власта
-
Најмалку 24 загинати во пожарите во Лос Анџелес