Македонија
20. August 2022 - 12:48

Автомобил од Косово излета од патот Демир Капија - Неготино

Патничко моторно возило „киа“ со косовски национални ознаки управувано од Е.Г.(30) од Косово вчера во 15.20 часот излетало од коловозот на патот Демир Капија-Неготино.

- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката П.Г.(29) од Косово, соопштија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.