СПМ: Предвремени избори се единствениот излез од кризата во која се наоѓа државата

Социјалистичката партија на Македонија следејќи ги обраќањата и изјавите на г-динот Ковачевски ја бележи како неодговорна неговата констатација за опозицијата и потребата таа да се надмине себе си и да зборува за тоа како побрзо да се одвива процесот за остварување на полноправно членство.
И како секој што нема што да каже, особено после илинденското недостоинствено и партиско изживување, тафтолошки ќе се наврати на неговото наводно одлучно одбивање на предвремените избори, но тоа е колку да покаже цврст став пред сè помалку бројното членство.
Истовремено и на противењето и одбивањето на референдумското изјаснување на граѓаните.
Изборите и референдумот се двата процеси каде што има непосредно соочување со гласачите и народот од кои и Ковачевски и СДС и сите од власта обземени со голем страв бегаат по секоја цена.
Но за да ја задржи власта, која не ја доби на избори, продолжува со манипулациите, а за продолжување на предавството сега му е потребна и опозицијата.
Интронизираниот премиер, откако беше поставен по случаен или не толку случаен избор, одби да разговара со опозицијата.
Во период на економска криза, енергетска, топлинска криза, мигрантска криза, здравствена криза, притисоци и условувања за прифаќање на понижувачки договори, премиерот ниту еднаш не се одважи да се сретне со опозицијата. Дотолку повеќе што тој не најде за сходно да разговара со опозицијата и при предлагање на клучни закони во интерес на државата.
Но затоа, одеднаш, истиот тој ја повикува опозицијата да се надмине и да зборува со власта?
Очигледно е дека во немоќта и се помалата подршка помеѓу граѓаните, Ковачевски губи допир со реалноста.
Социјалистичка партија на Македонија напоменува дека се истрошени очекувањата од г-динот Ковачевски, подеднакво на довербата која не ја ни стекна.
Исто така, Социјалистичка партија на Македонија потсетува дека воопшто нема намера да учестува во процес кој на неспособната власт ќе и овозможи да ја сподели одговорноста во огромното предавство на Македонскиот народ и држава.
Владата сама одлучува, сама ќе сноси одговорност!
Воедно, дали ќе има или ќе нема референдум најмалку зависи од Ковачевски и од ненародната Влада на ДУИ/СДС. За референдум одлучуваат само граѓаните на Македонија.
Социјалистичка партија на Македонија повторно посочува дека единствен излез од севкупната повеќе слојна криза во која се наоѓа државата е организирањето на предвремени парламентарни избори.
Ковачевски вели дека ќе ги нема, затоа што е свесен дека ќе доживее историски изборен пораз и се поизвесно замирање на неговата партија.
Затоа што само народот може да даде легитимитет за идните одлуки кои ќе ги носи државата, Социјалистичка партија на Македонија повикува да се надминат токму истрошените и делегитимирани Ковачевски и Ахмети и да се оди на избори, но за тоа е потребна и храброст која тие очигледно ја немаат.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

Тошковски: Новогодишната ноќ помина главно мирно
-

Новогодишна донација од СВР Битола, РСБСП и ОСБСП за првото бебе во Битола
-

Напади врз полиција и апсења во Германија за време на дочекот на 2026 година
-

Бурна новогодишна ноќ за дежурните лекарски служби, двегодишно дете со повреди од огнено оружје
-

Тошковски ја започна годината со посета на службениците на Солунска Глава
-

АМСМ: Сообраќајот кон ГП Ќафасан е се уште во прекин во двата правци
-

Град Скопје ќе гради прва катна гаража во Клиничкиот центар до втората половина на 2026 година
-

Првото бебе во државата е Евгенија, трето дете на семејството Камчеви
