Македонија
30. July 2022 - 17:55

Кривична пријава против две лица за извршено „насилство“, одредена мерка притвор

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје денеска е поднесена кривична пријава по брза постапка против Г. Б. (40) и В. Б. (21), за сторено кривично дело „насилство“, по чл.386 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Ккао што информираат од МВР, лицата на 28.07.2022 околу 23:30 часот во угостителски објект на подрачјето на Чаир физички нападнале едно лице вработено таму и оштетиле дел од инвентарот во објектот.

Лицата се изведени пред Судија на претходна постапка, од чија страна на Г.Б. му е изречена мерка притвор, а на В.Б. му се изречени мерки на безбедност.