Loading Video...
Свет
3. јуни 2022 - 12:22

САД: Маж со пиштол уби две жени на паркинг во црква

Маж со пиштол уби две жени на паркингот на црква во американската сојузна држава Ајова, а потоа изврши самоубиство.

Ова е последниот крвав настан во САД изминативе 10-тина дена како резултат на користење на огнено оружје, и се случува само неколку часа по повикот на претседателот Бајден да се забрани користење на јуришно оружје. 

Во неговотО обраќање по масовните убиства во Тексас и Оклахома, тој ги праша надлежните уште колку убиства се подготвени да прифатат.

Тој побара Конгресот да донесе одлука за подигнување на возраста за купување оружје од 18 на 21 година и укинување на заштитата на произведувачите од тужби за насилство, извршено со нивно оружје.

Во вооружени напади, само во последните 10 дена загинаа над 30 луѓе.