Петличковски: Не може да сме сигурни дека кризата со КОВИД-19 заврши, но ќе имаме неколку мирни месеци
Не може да сме сигурни дека кризата со коронавирусот заврши, но знаеме дека во моментов ризикот за некаква сериозна компликација и сериозен притисок на нашиот здравствен систем е многу низок и од таа причина одлучивме да предложиме укинување на речиси сите рестриктивни мерки, со назнака дека на дневна и неделна основа ги дискутираме бројките, го следиме движењето и доколку има потреба ќе реагираме благовремено со воведување на некои нови мерки. Мислам дека ќе имаме многу мирни неколку месеци за од есен ќе видиме, истакна вечерва во Тема на денот во Дневникот на Сител, претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.
Во врска со неносењето маска во маркет, која, пак е задолжителна во такси возило, рече дека ризикот во затворен мал простор во такси шансите за пренос на инфекцијата е многу голем, додека шансите за пренос на инфекција во маркетите се помали, а во болниците и во аптеките идејата е да се заштитат тие кои се во ризична категорија и оттука и планот за носење маски.
– Вчера имавме 32 хоспитализирани пациенти со КОВИД-19 што е одличен показател на трендот, многу мал дел од нив се во сериозна состојба и има еден или ниеден починат дневно, што укажува дека состојбата е многу стабилна и со многу мал ризик, потенцијал за влошување. Секогаш тие кои ќе стигнат до болница се во придружни коморбидитети. Има некои чии коморбидитети се откриваат во тек на хоспитализацијата. Останува еден голем процент на невакцинирани кои стигнуваат до болница. Последниве месеци имунитетот кој се стекнува со вакцинација и со прележување на болеста се изедначува. Прележувањето е поризичниот пат за стекнување имунитет. Затоа апелирам дека нема да се откажеме од вакцините и после овој летен период на олабавување ќе започнеме повторно една поинтензивна кампања за објаснување на користа од вакцините која е неспорна во случај наесен да треба да се подготвуваме за нов бран, рече Петличковски во гостување на ТВ Сител.
Во врска со постковид компликации рече дека голем дел од компликациите го засегаат нервролошкиот систем, има кардиолошки случаи, има малку психологија нарушена, има засегање на црниот дроб, значи многу систем се засегнати од Ковидот.
– Размислуваме да организираме клиника или институција која ќе биде ориентирана на справување со постковид симптомите, додаде Петличковски.
Ново на Сител
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
-

Родители во Ресен со дрвен предмет ја тепале својата 15-годишна ќерка
-

Од мотор во движење пукано кон „ауди“ кое го возел 34-годишен кумановец
-

Герасимовски: Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ привремено ќе следат онлајн настава
-

Фатен крадец во Државна болница, нападнал вработена која се обидела да го спречи
