Почна обуката на осмата генерација кандидати за пилоти во АРМ

Осмата генерација на кандидати за пилоти за потребите на Армијата на Република Македонија денеска свечено ја почнаа обуката во Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
- Од 80 пријавени на Конкурсот, шестмина ја завршија ригорозната селекција и имаат можност да бидат образовани во еден од најсовремените центри во Европа, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски и додаде дека од самите почетоци до денес, Центарот покажа одлични резултати.
Тој нагласи дека годинава се отвора и нова можност за младите луѓе кои имаат завршено средно образование да се пријават на Конкурсот на питомци на Воената академија, каде ќе поминат четири години на катедрата за воено воздухопловство – насока пилот, од кои три семестри ќе поминат во Центарот за обука на пилоти. Тој ги повика сите кои ги исполнуваат условите да се пријават на отворениот Конкурс на Центарот, кој завршува во септември, по што ќе се изберат шест до осум кадети – идни пилоти.
Во оваа класа, обуката за воен пилот ја почнаа шест кандидати кои поминаа низ ригорозен процес на тестирање кое вклучува психолошки тестови, физички и медицински проверки, како и селекција на земја од две недели и селекција во воздух со налет од 10 часа.
Обуката на кадетите е во времетраење од 18 месеци, а се состои од теоретска подготовка, практична обука и летови на високотехнолошките симулатори на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24.
Ново на Сител
-

Од денеска престануваат олеснувањата за EES на границите на ЕУ, можни подолги редици
-

30 дена притвор за владин возач кој барал 1.500 евра за вработување пожарникар
-

Автобус со студенти падна во провалија на Зеленортските Острови, најмалку 21 загинат
-

УС опен: Американецот Фриц водеше со 2-0 во сетови и го загуби мечот
-

Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при претрес на „Тиквешки гроздобер“
-

Полицијата приведе маж од Македонски Брод осомничен дека предизвикал пожар
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
