-->
-->
Димковски: Помош и поддршка на домашното земјоделско производство во вредност од 250 милиони денари.
-->
Во време на глобална криза, кога и цената и побарувачката на важни земјоделски производи е на високо ниво, Владата предводена од СДСМ презема чекори за помош и поддршка на домашното земјоделско производство.За таа цел, за прв пат се воведува Програма за интервентен фонд за земјоделството, во вредност од 250 милиони денари.
Овие средства во голем дел ќе бидат наменети за поддршка на сточарството и за растително производство, односно за житните култури.
120 милиони денари се наменети за субвенционирање на набавката на вештачки ѓубрива за производителите на пченица и јачмен.
Дополнително, поради високата цена на нафтата, годинава, направено е усогласување и на износот за реализација на мерката „зелена нафта“ кој е зголемен за 13 отсто.
Но, она што е исто така важно е што овој Интервентен фонд се проширува со нови мерки за поддршка на земјоделците.
Обезбедуваме дополнителни субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за сончоглед и пченка.
Дополнително, и за оваа година, субвенциите за сончогледот ги исплативме пред почетокот на новата сеидбена сезона за земјоделците да можат навреме да сеат и да имаат пари за производствените трошоци.
Минатата недела, Платежната агенција исплати над 450 милиони денари субвенции за полјоделски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка.
И во време на светска криза, Владата предводена од СДСМ се грижи за земјоделството и инвестира во руралниот развој.
Продолжуваме со реализација на мерки кои обезбедуваат квалитетно, конкурентно домашно земјоделско производство.
Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделие на СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски: САД сигнализираат продолжување на мировните преговори
-

Израел и Иран ги засилија меѓусебните напади врз стратешката инфраструктура во 20-иот ден од војната
-

Трамп: Нема нови американски трупи на Блискиот Исток, војната со Иран е при крај
-

Оман: САД беа „вовлечени“ во војната со Иран и покрај шансата за договор
-

Ердоган: Спиралата на насилство на Блискиот Исток мора итно да запре
-

Хрватските војници евакуирани од Ирак по ескалацијата на конфликтот
-

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром
-

Мерц повикува на деескалација на Блискиот Исток и нуди европска помош
