На грчкиот остров Родос откриени над 88 илјади таблети „Каптагон“
Во торба оставена во близина на плажа, на грчкиот остров Родос, крајбрежната служба на Грција открила 44 пакувања со 88.880 наркотични таблети „Каптагон“, што се нарекуваат и „дрога на џихадистите“, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од грчката крајбрежна служба, поради близината на морето, дел од дрогата била натопена со морска вода што ги уништила таблетите.
Поконкретно, од 44-те пакувања, уништени биле наркотичните таблети во 27 пакувања, со вкупна тежина од околу четири и пол килограми, во 12 пакувања со тежина од над 13 килограми, дел од дрогата била уништена, а пет од пакувањата биле празни.
-Проценетата на вкупна количина во 44 пакувања е 88.880 таблети. Централната пристанишна служба на Родос, која спроведува истрага, ја конфискуваше дрогата и ќе биде испратена за дополнителна анализа во Хемиската служба на Родос, соопштија од грчката крајбрежна служба.
На фотографијата што ја објавија заедно со соопштението, на пакувањата во кои се таблетите „Каптагон“ има лепенки со свастика.
Ново на Сител
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
