Се зголемува кофинансирањето за „зелена нафта“
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски соопшти дека годинава ќе се зголеми кофинансирањето на трошоците за „зелена нафта“.
Како што рече Николовски на прес-конференција, ваквата одлука е донесена по согледувањето дека трошоците за нафта кај сите земјоделски култури е зголемена за 13 отсто.
Ако лани трошоците за нафта за пченицата биле субвенционирани со 1.250 денари по хектар, земјоделците годинава, напомена министерот, ќе добијат 1.413 денари по хектар поради зголемената цена на нафтата и ревидирањето на методологијата за пресметка на висината на трошоците.
– Следејќи ги движењата на цените на нафтата, согледавме дека трошоците за нафта кај сите земјоделски култури се зголемени за 13 отсто. Затоа, со цел да ги анулираме зголемените трошоци за нафта, го зголемуваме износот за кофинансирање по хектар за субвенции за „зелена нафта“, рече Николовски.
Според него, и покрај порастот на цената на нафтата, кофинансирањето за „зелена нафта“ останува 50 отсто, но ќе биде за 13 отсто зголемено, а со измени на Законот за земјоделство и рурален развој кои ќе бидат предложенени до Парламентот, ќе се овозможи и зголемување на кофинансирањето до 100 проценти.
Николовски потсети дека оваа Влада ја донесе оваа мерка прв пат и секоја година дополнителни пет милиони евра по оваа основа одат кај земјоделците.
Ново на Сител
-
САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран
-
Рама: Обединувањето со Европа е пат со две ленти, 100 отсто сум убеден дека во оваа деценија ќе станеме дел од ЕУ
-
Мицкоски ќе учествува на 20. Европски самит во Салцбург
-
Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот во Газа се засилува
-
Маск ќе подарува по милион долари дневно до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција
-
Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел
-
Израел го нападна штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут
-
Маж од скопско ја нападнал својата 19-годишна ќерка