Груби се сретна со германските пратеници Петри и Мијатовиќ: Германија го поддржува процесот на евроинтеграција
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска се сретна со германските пратеници Кристијан Петри (СПД), Борис Мијатовиќ од (Die Grünen) како и со директорот на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје, Рене Шлее, при што се заблагодари за големата поддршка што Германија и ја дава на нашата земја на европскиот пат.
Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот, спорот со Бугарија и неговото решавање беше дел од разговорот меѓу Груби и германските пратеници Петри и Мијатовиќ. На средбата соговорниците размениja мислења, се посочува, и за подготвеноста на страните за постигнување достоинствен компромис меѓу двете земји.

-Скопје и Софија водат конструктивен дијалог преку работни групи за да се постигне компромис кој нема да влијае на ниту една страна и би го овозможил очекуваниот чекор за земјата да може да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија, се наведува во соопштението.
Интеграцијата во Европската Унија и патот полн со предизвици на Република Северна Македонија, исто така, се додава, биле дел од дискусијата на оваа средба.

Германските пратеници, се посочува, ја изразија безрезервната поддршка која германската држава ја дава во овој поглед, додека вицепремиерот Груби изрази благодарност до Германија што договорот на новата владина коалиција во Берлин ја вклучува интеграција на Западниот Балкан во Европската Унија, со посебен акцент за Република Северна Македонија и Република Албанија.
Ново на Сител
-

Охриѓанец починал откако проготал опаковка со дрога за да не го фати полиција
-

Почина пејачката Бони Тајлер
-

Апел за помош за Ристо Живковиќ, татко на три деца: Потребни се 90.000 евра за операција на тумор на мозокот
-

По 19 години, нова уредба за квалитет, само горивата што ги исполнуваат стандардите ќе може да се пласираат на пазарот
-

Уркиза: Македонија е важен партнер на Интерпол во борбата против организираниот криминал
-

Трамп: Иран контактираше со нас, очајнички сакаат да постигнат договор
-

МФ: Нови правила за подарувања со Законот за игри на среќа - задолжителна дозвола и утврдени услови за организирање
-

Западна Европа го имаше најтоплиот јуни во историјата на мерењата
